ШоуБиз

Карла Бруни со замотаното бебенце си оди домче:)

Карла Бруни излезе од болницата четири дена после породувањето и си ја однесе новородената ќерка дома. Цврсто држејќи за Џулија в раце, Карла на брзина влегла во колата која ја чекала веднаш пред болницата. Бебето било замотано во ќебенце и не се гледало. Со неа биле и неколку телохранители. За жал, Никола Саркози не бил покрај неа во овој момент.

Карала на своите обожаватели на Твитер им се заблагодари на искрените честитки, и од нејзино и од име на нејзиниот сопруг. Напиша и дека е пресреќна, па сака радоста да ја сподели со сите што искрено ја сакаат. Никола Саркози не коментира многу за раѓањето на својата ќерка, освен дека е пресреќен и дека тоа најдобро би го разбрале тие што се родители и што го искусиле родителството на своја кожа.

Напиши коментар