ШоуБиз

Кејт Аптон ја доби титулата „тело на годината“

Познатиот супер модел во интервју открила како ја пронашле случајно модни агенти уште кога имала 12 години, но не влетла веднаш во модниот свет.Телото на супермоделот Кејт Аптон магазинот „GQ” го прогласи за „тело на годината“.

Оваа 19 годишна американска убавица е најпозната по сексипилните реклами и кампањи за долна облека, а е член на јатото англеи во Викторија Сикрет.
Кејт била прашана дали се доживува себе си како секс симбол:

„Не сум тоа се уште, но мислам дека луѓето сакаат да ме гледаат во бикини. Не сум сигурна дали сакам да бидам секс симбол, но со сигурност знам дека несакам тоа да биде единственото нешто по кое сум позната“, бил одговорот на убавицата со совршено тело.

Write A Comment