ШоуБиз

Кејт Мидлтон е бремена?!

Се појавија гласини дека британската војвотка Кејт Мидлтон е трудна бидејќи за време на престојот во Копенхаген одбила да јаде паста од кикирики. Инаку, оваа храна не се препорачува за трудници.

Кејт, заедно со принцот Вилијам ја посетила данската канцеларија на Обединетите нации, каде ѝ понудиле да проба паста од кикирики. Таа категорично одбила.

Тоа поттикна лавина гласини дека Кејт е всушност бремена, а докторите им препорачуваат на трудниците да избегнуваат кикирики.

–    Нејзиниот портпарол изјавил дека Кејт не е алергична на кикирики, – порачуваат ританските медиуми, „значи не одбила поради алергиска реакција“.

Инаку, минатата недела, британскиот парламент го промени законот за идните наследници и сега е дозволено женско да дојде на чело на монархијата, што значи ако Кејт носи девојче, таа ќе биде идната кралица на Англија.

Write A Comment