Војвотката од Кембриџ посетила едно основно училиште во Лондон, а учениците биле многу разочарани од нејзиниот изглед, бидејќи воопшто не им личела на принцеза. Била облечена многу едноставно, во џемпер и фармерки.
– Таа не личи на принцеза. Каде ѝ е фустанот, – се запрашале децата од основното училиште „Роберт Блер“ во Лондон. Тие со недоверба гледале во принцазата Кејт Мидлтон, која се задржала во нивното училиште околу 45 минути.

– На децата им беше кажано дека доаѓа принцезата да ги посети. Сите беа толку возбудени, па излегоа на паркингот да ја пречекаат. Кејт пристигна со една наставничка, а децата беа многу збунети. Се прашуваа каде ѝ е фустанот и не веруваа дека тоа е истата Кејт што ја гледаат на телевизија, – изјавила мајката на едно дете кое учи во „Роберт Блер“.
