ШоуБиз

Кејт Мидлтон не смее да ги покани родителите за Божиќ!

Кејт Мидлтон оваа година за прв пат ќе го помине Божиќ со својот споруг и неговото семејство. Целото кралско семејство ќе се собере на имотот Сандрингам, каде ќе бидат сместени во еден дворец од 18-тиот век.

Бидејќи поседот е резервиран исклучиво само за кралското семејство, родителите на војвотката Мидлтон не се поканети да присуствуваат на свеченоста. Иако за многумина ова звучи строго, тоа се сепак кралски правила и не смеат да се прекршуваат.

Кејт заедно со Вилијам ќе ги посети родителите и сестра си пред и после Божиќ. Се зборува дека за време на свеченоста Кејт ќе се пресоблече дури 5 пати.

Write A Comment