ШоуБиз

Кејт Винслет не го пушта новиот дечко ни за жива глава!

Новиот дечко на Кејт Винслет не ѝ е само обична авантура. Времето покажува дека тие се вљубени до уши и не можат да престанат да си посветуваат внимание еден на друг.

Изгледа дека и Нед и Кејт врската си ја сфатиле сериозно уште од самиот почеток. Постојано си раменуваат нежности и уживаат во романичните моменти заедно.

–    Секогаш се допираат и бакнуваат во јавност, не ги интересира дали некој ги гледа. Кејт за малку ќе го задавеше Нед од гушкање, – изјавува еден очевидец.

Инаку, Кејт го запозна Нед летово во викендицата на чичкото му. Баш тогаш Кејт го преболуваше својот развод, а Нед закрепнуваше од пропаднатиот брак со 23-годишната Елиза Кудров. Се вљубиле на прв поглед, а оттогаш Кејт не престанува да зборува за својата нова љубов. Дури беа и на одмор заедно. Сепак, сеуште не говорат ништо јавно за својата врска.

Напиши коментар