И актерката Кејт Винслет (36) си доби своја восочна фигура во најпознатиот музеј за таа намена, Мадам Тисо во Лондон. Ова се случи откако бројот на обожаватели кои го бараа тоа значително се зголеми. Сличноста на восочната фигура со оригиналот е неверојатна.
Фигурата која го исполни местото помеѓу Џуди Денч и Хелен Мирен е донесена во црвен фустан, дело на дизајнерот Ели Саб, кој актерката го носеше на претходното доделување на ЕМИ наградите, а беше наградена за драмата „Mildred Pierce“.

Шминкерката се потрудила да секој детаљ на лицето на Кејт биде совршен, па дури и дијамантските обетки.
