ШоуБиз

Кели изневерена! И тоа со транассексуалец

Кели Озборн открива дека најголемо понижување во животот ѝ било кога морала да им каже на родителите дека верникот Лук Ворал ја изневерил со транссексуалец.

Се работи за транссексуалецот Ели Шнајдер кој со операција си го сменил полот. Ели, која е инаку родена како Рејналдо Гонзалес, го запознала Лук во еден ноќен клуб во Њујорк.

На Кели никогаш не ѝ станало јасно зошто вереникот ја изневерил со маж, отакако биле заедно веќе цела година и пол. Сите ѝ го кажувале тоа, а таа не им верувала.

–   Дотогаш сметав дека најлошата работа што може да се случи е дечкото да ме изневери со грда девојка. Зарем не е така?, – изјавила Кели, која веднаш откако дознала дека Лук ја изневерува, го оставила.

–  Лук Ворал е нешто најлошо што ми се случило и за мене тој е најголемиот идиот на сите времиња, – напишала на Твитер откако дознала дека дечко ѝ е неверен.

Write A Comment