ШоуБиз

Кели на тинејџерите им ги “сервира” градите:)

Иако ова шоу го гледаат пред сè тинејџери, еден од членовите на британскиот Х Фактор, Кели Роланд како да се натпреваруваше со колешката Тулис Контоставлос која ќе покаже повеќе месо. Овој пат, успеа да се надмине себе си.

Имено, Кели Роланд во последното издание на Х Фактор се појави во фустан на Џулиен Мекдоналд и покажа повеќе отколку што треба. Полупрозирниот фустан покажуваше поголем дел од нејзините гради.

Родителите на децата кои го гледаат шоуто сигурно не се многу воодушевени, но поранешната членка на групата „Дестинис чајлд“ тоа многу не ја интересира. До максимум го користи фактот што моментално е во центарот на случувањата.

И во последниот музички спот за песната „Lay It On Me“ е крајно секси и провокативна

Напиши коментар