ШоуБиз

Кели Роланд боледува од ретка болест?!

Кели Роланд се враќа во „Х-Фактор“ следниот викенд, откако претходниот викенд беше приморана да го напушти шоуто поради ретка болест со која се здобила за време на престојот во Лос Анџелес. Инаку, познатата пејачка е дел од жирито во ова шоу.

Засега не е познато од што болува Кели, но нејзиниот доктор изјавил дека таа никако не смее да се појави во шоуто.

–  Се работи за ретка болест. Имам по десетина такви случаи годишно. Кели примаше антибиотици интравенозно, а направивме и некои анализи. Ќе биде подобра за неколку дена, но засега мора да се одмора, – изјавил докторот.

За време на нејзиното отсуство ја заменуваше пејачката Александра Бурке.

Write A Comment