Сопругот на пејачката Кети Пери ја почести со бакнеж госпоѓата која му ја додели наградата во Лос Анџелес.
Расел Бренд, инаку е добитник на признанието „Маж на годината“ на организацијата „Пријателска куќа“, која на жените им нуди рехабилитација од дрога и алкохол.
Бренд своевремено беше зависник од хероин, алкохол и секс, но тврди дека веќе цели девет години е „чист“. Наградата за подигнување на свеста за трезвеност толку го воодушевила Расел, што ја бакнал во уста директорката на организацијата Пеги Ојбрајт.
Бренд и понудил на организацијата да организира аукција, а победникот кој ќе понуди најмногу пари ќе има можност да го запознае британскиот комичар во живо. Приходот ќе оди на сметка на самата организација.
