ШоуБиз

Кети Пери: Ако не боли, ќе родам многу деца!

Во разговор со Елен ДеЖенерес, Кети Пери откри дека сеуште не е сигурна колку деца би сакала да има, но дека еден ден сигурно ќе ги има.

–          Ако не ме боли многу првиот пат, тогаш најверојатно ќе имам многу, – вели пејачката која е во брак со Расел Бранд. Кети објасни дека сеуште не е спремна за улогата на мајка и додава дека кога се избира партнерот секогаш се мисли и на децата.

–          Ја бираш личноста бидејќи сметаш дека може да биде добар партнер и родител, -вели Пери.

Во истата емисија, Кети најави и бесплатен концерт кој планира да им го подари на своите обожаватели.

–          До тој ден ќе имам 121 концерт позади себе и сакам да го изнајмам „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес за да им подарам бесплатен концерт на сите кои ќе решат да дојдат да ме гледаат, – објавува пејачката.

 

Write A Comment