ШоуБиз

Кети Пери и Расел Бренд докажуваат дека се сакаат

Кети Пери и Расел Бранд со сите сили се трудат да докажат дека немаат проблеми во бракот. Заедно биле на концерт, а потоа решиле да се истетовираат. И покрај сите гласини за разделба, тие заедно го посетиле студиото за тетовирање во Лос Анџелес. Портпаролот на Кети изјавил дека во нивниот брак сè е во ред и дека Кети не предала никакви документи за развод, ниту пак, планира да има деца во блиска иднина.

Расел, како верен навивач на Вест Хем го истетовирал нивниот грб, а Кети си ставила смајли на ногата.

По четири месеци турнеја, Кети добила голема желба да се одмори во својот дом. Неодамна на Твитер ставила слика со својата мачка и напишала дека чувството да си повторно дома е неверојатно.

Write A Comment