Кети Пери одлучила да им овозможи на своите фанови да ѕирнат позади сцената додека се снимал нејзиниот спот за песната „The One That Got Away“.
27-годишната пејачка, за потребите на спотот беше преправена во збрчкана старица. Во видеото се гледа приказната за еднаш изгубената љубов и жалењето по неа.
Кети признава дека трансформацијата траела и по седум саати, а шминкерите внимавале на секој детаљ. За шминкер бил најмен Домини Тил кој исто така работел и за потребите на филмот „Lord of the Rings“.
– Процесот на шминкање беше тежок. Траеше многу долго и многу луѓе беа вклучени во постапката.
Инаку, оваа песна доживеа огромен успех и моментално се наоѓа на првото место на листата на Билборд 100.



