После шпекулациите за нејзиниот наводен развод, пејачката Кети Пери најави дека планира една цела година да не се занимава со музика, а за тој период ќе се обиде да си го среди приватниот живот и евентуално да затрудни.
Кети Пери (27) моментално го завршува последниот дел од светската турнеја „American Dreams“,а последниот настап ќе биде на 23-ти Ноември во Лос Анџелес. Веднаш по тој настап, Пери се повлекува од музичката сцена, а за тоа се информирани и нејзините менаџери.
– Кети сака да забремени и мисли дек ова е вистинскиот момент, – вели извор близок до пејачката.
Инаку, Кети се венча со британскиот комичар Расел Бранд минатиот октомври и тоа по многу кратка врска.
– Секако дека сакам деца. Ако породувањето не биде многу страшно, ќе имам многу! – изјавила самата Пери.
