Кети Прајс по една година пауза, повторно ја освои титулата најбарана личност на интернет во Велика Британија, пишуваат тамошните медиуми. Старлетата која по година дена се разведе од Алекс Реид, победи во битката со Кејт Мидлтон и Шерил Кол, која беше најбарана минатата година.
Покојната Ејми Вајнхаус се најде на шестото место, а единствено машко на листата е Рајан Гигс и тоа го зазеде седмото место. Ким Кардашијан и Ријана воопшто не се пласирани помеѓу првите десет во Британија, но затоа се најпопуларни во САД. Не напоменавме дека на петото место се наоѓа Пипа Мидлтон, која обожава да биде во центарот на случувањата.
