Познатиот холивудски актер Кијану Ривс, очигледно го немаат променето славата и парите, па наместо со скапи автомобили, тој сепак како сите останати си се вози со метро.
Не само тоа, овој актер е вистински џентлмен што го покажува и видеото подоле, бидејќи го отстапи местото на една жена.
Додека се возелво метрото, еден патник го снимил видеото каде ѕвездата од Матрикс, се однесува сосема нормално, иако е миленик на Холивуд. Дел од патниците во метрото не ни забележаа дека меѓу нив е актерската ѕвезда.
Сепак, веднаш се шпекулираше дали навистина е тој во оваа снимка, или пак има свој двојник кој премногу личи на познатиот актер.
Проценете сами:
httpv://www.youtube.com/watch?v=EMB1EOnUwX8
