ШоуБиз

Ким храни сиромашни! Сака да си го врати имиџот на добро девојче!

Откако медиумите остро ја нападнаа поради наводно исценираниот брак и свадба од кои Ким Кардашијан заработи дебела пара, таа моментално се обидува да го поправи нарушениот имиџ во јавноста. За таа цел, на Денот на благодарноста се зафатила со помагање на сиромашните. На бескуќниците им делела храна и со нив љубезно разговарала за време на добротворната акција наречена „Мисијата Лос Анџелес “.

Освен Ким, дел од акцијата биле и неколку други познати имиња. Храна делел и Кирк Даглас, кој се чини многу добро се забавувал во текот на целиот ден. Со него била и неговата сопруга, која Даглас ја нахранил со традиционална американска храна која најмногу се јаде точно на овој ден, на Денот на благодарноста.

Напиши коментар