Ким и Клои Кардашијан се скарале за време на еден разговор во кој Ким се жалела за проблемите во бракот. Моментално, во нивното шоу се прикажуваат настаните кои му претходеле на разводот, а проблемите прва ги забележала искусната Клои.
– Малку ми е чудно што сте кратко во брак, а веќе сте разделени. Вообичаено е на почетокот од бракот да сте опседнати еден со друг, – бил нејзиниот коментар, а додала и дека по свадбата таа повеќе му се посветила на сопругот отколку на работата.
На почетокот, Ким се согласила со Клои, но набрзо се налутила поради коментарот за нејзиниот брак.
– Таа не го сака Крис и затоа не ме поддржува и ми прави проблеми, – рекла Ким. „Мака ти е бидејќи се омажи со никаквец“, – ја почестила сестра си со ваков коментар.
На сето ова, Клои изјавила дека Ким е злобна, но дека сепак, нејзините претпоставки за бракот на Ким станале вистина.
