ШоуБиз

Ким Кардашијан ќе дели брачни совети???

Иако својот брак го осуди на пропаст, кога пред само десет дена поднесе барање за развод, старлетата Ким Кардашијан ќе започне да го снима филмот „Брачен советник“, а улогата која ѝ е доделена воопшто не ѝ прилега. Во филмот, Ким ќе им дели брачни совети на своите пријателки.

Ким за некој ден ќе започне да ја снима комедијата „Брачен советник“, во која ќе им помага на пријателките со брачни совети. По поднесувањето на барањето за развод, Ким на кратко се повлече од јавност, но сега е на пат за Атланта каде започнува снимањето на филмот.

Во филмот Ким ќе биде Ава, најдобра пријателка на главниот лик Џудит, на која ѝ помага откако мажот ја изневерил. Ким досега имала две понезначајни улоги, така што ова ќе ѝ биде прво поголемо филмско остварување, но со иронична улога.

Write A Comment