ШоуБиз

Ким на удар на Пета! Доста е носење крзна!

Ким Кардашијан се најде на удар на организацијата ПЕТА поради носењето крзна. Изгледа за старлетата наеднаш надојдоа лоши денови. Откако е објавено дека таа се разведува, медиумите почнаа остро да ја напаѓаат поради бракот-фарса. Сега, Ким се најде на мета на најпознатата организација за заштита на животните ПЕТА.

Организацијата одлучила да ја нападне Ким по пат на рекламен плакат, по што Ким би размислила што носи на себе. На паноата кои ќе се рашират низ Лос Анџелес во декември ќе има лисица која ѝ се обраќа на Ким со зборовите: „Ким, на овие бебиња им недостига нивната мајка, дали таа е на твојот грб?“

Ким и порано била на удар на борците за правата на животните.

Напиши коментар