ШоуБиз

Ќерката на Били Боб Торнтон доби 20 години затворска казна!

Отуѓената ќерка на Били Боб Торнтон, Аманда Брумфилд доби 20 години затворска казна по обвинението за тешко убиство врз дете во мај, пред 3 години.

Во 2008 година, Брумфилд го чувала детето на своите кумови, 1-годишната Оливиа Медисон Гарсија која починала додека Аманда била задолжена за неа.

На почетокот, Аманда (32) била прогласена за невина откако се изјаснила дека детето си ја удрило главата играјќи си и така умрело. Но, потоа по понатамошните судења и се досудиле 20 години казна затвор, иако велела дека Оливиа ѝ недостига исто толку колку и на другите.

Дури и мајката на бебето вели дека казната е повеќе отколку што очекувала.

Напиши коментар