Разгалената 5-годишна Сури Круз си составила листа со божиќни желби. А, листата е прилично долга. Според американските медиуми, од своите познати родители Том Круз и Кејти Холмс, малата галеница побарала дарови во вредност од 130.000 американски долари.
На врв на листата со божиќни подароци се наоѓа едно пони, дијамантски обетки и убав фустан во кој Сури „би се чувствувала како принцеза од бајките“.
Пријателите на семејството откиваат дека Сури е страшно размазена бидејќи родителите не знаат да ѝ постават граници и сите нејзини желби се секогаш исполнети.
