Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, 5-годишната Сури обожава скапи чевли со високи потпетици. Кејти во неколку интервјуа има нагласено дека Сури, иако е толку мала е доста самосвесна и знае што сака да носи.
Блиски луѓе на ова холувудско семејство тврдат дека во плакарот на Сури има околу 150 пара скапоцени чевли со штикла, повеќето на познатиот креатор Маноло Бланк.

Кога дизајнерот слушнал дека Сури носи штикли се замрзнал. Маноло смета дека не е соодветно дете на таа возраст да носи чевли со висока пета и им препорачува на родителите да ѝ купуваат на Сури чевли какви што му прилегаат на 5-годишно девојче.

И јавноста не го одобрува ова однесување, а за тоа ги обвинуваат главно родителите кои така го облекуваат девојчето и му ги исполнуваат сите каприци.


