Чез Боно, синот на пејачката Шер кој е роден како женско, но подоцна си го промени полот, ја запросил својата долгогодишна девојка Џенифер Ели.
Чез ја запросил Ели во реалити шоуто „Да бидеш Чез“, кое го следи целокупниот процес и подготовки низ кои Чез поминува додека си го менува полот. Финалната операција ќе се изврши во Белград. Запросувањето многу ја изненадило Ели, бидејќи Чез го претставил дијамантскиот прстен како роденденски подарок.
Чез (42) веќе подолго време го планирал запросувањето, но сепак одлучил да почека до конечната промена на полот. Интересно е што со Ели почнале да се забавуваат уште додека Чез бил девојка.
