Мода

Класика по начинот на Celine

Постојано минималистички ориентираната модна куќа Celine, за есен/ зима 2011. 2012. ни понуди класични но неодоливи модни додатоци, кои меѓу светските трендсетерки веќе одамна станаа статусни симболи. Првенствено станува збор за чантите изработени од најквалитетна телешка кожа, кожа од питон, крокодил и секако од крзно, кои добија луксузен завршеток со сезонава модерните бои; портокаловата, кафената и смарагдно зелената.

Така Celine се вброи во самиот врв на т. н. култни чанти, а внатре во самата модна куќа дури три модела претендираат да го заземат првото место, а тоа се Classic Box Bag, Luggage Tote и Phantom Luggage Tote моделите. Колку се популарни зборува самиот податок за листата на чекање за да се купат, како и фактот што имаме прилика само да ги видиме во рацете на модните уреднички, блогерките и внатрешните модни соработнички.

Што се однесува до чевлите кои се претставени на есенската модна писта, тие сепак не предизвикаа воздишки како што беше случај со чантите. Причината е во шпиц моделот кој сè уште не им се допаднал на дамите кои ревносно ја следат модата. Сепак некои од нив кои се во стилот на 80 – те си пронаоѓаат свои љубители, а дека е за почит дизајнот на таа модна куќа покажа и Zara, која понуди неколку модели чизми до глуждовите од Celine.

Погледнете ја галеријата и уверете се во елеганцијата на  Celine модните додатоци!

 

Write A Comment