ШоуБиз

Клoи Кардашијан претепала транссексуалец! Опасна малава:)

Транссексуалецот Роналд Спирс, кој се претставува како Шантал Спирс, покренал тужба против Клои Кардашијан и тврди дека во 2009 година старлетата го претепала пред еден ноќен клуб.

Шантал Спирс  вели дека Клои му нанела тешки телесни повреди со удирање и тепање со клоци. Според неговите зборови, инцидентот се случил пред ноќниот клуб „Playhouse“ на Холивудскиот булевар, а причината е бидејќи тој му дофрлил на сопругот на Клои дека е „премногу млад за да се жени“.

На тие зборови Клои полудела и почнала да го тепа Шантал и со раце и со нозе. Кога нападот завршил, Шантал отишол во полиција и им кажал сè што се случило, тврдејќи дека тој не испровоцирал ништо.

Клои засега се нема огласено по повод тужбата.

Write A Comment