ШоуБиз

Клуни ги започна блиските средби со семејството на Стејси! Да не се спрема нешто?

Најпосакуваниот холивудски ерген Џорџ Клуни направил многу важен чекор во својата тримесечна врска со Стејси Киблер. Стејси открила за американските медиуми дека Џорџ ги воодушевил нејзините родители, па добил покана повторно да биде со нив по повод божиќните празници.

–   Џорџ веќе ги запозна моите родители и нема никаков притисок. Постојано ги смееше, па следното гледање со нив ќе биде во опуштено расположение. Моите родители и јас редовно патуваме некаде за божиќните празници, но овој пат со нас ќе понесеме уште некои членови од фамилијата и дел од нашите пријатели, – открива 32-годишната Стејси.

Клуни сеуште се нема изјаснето како поминала средбата со родителите на девојката.

Write A Comment