Најпознатиот холивудски ерген и заводник вели дека бил премногу млад кога ја изгубил невиноста.
Имено, Џорџ Клуни прв пат спиел со девојка кога имал само 16 години. Додава дека тогаш воопшто не бил зрел за такво искуство и дека требало да почека уште некоја година.
Клуни признава и дека својот прв оргазам го доживеал кога имал само 6 или 7 години.
– Верувам дека тоа се случи додека се качував по едно јаже кога имав 6 или 7 години. Мислам, ништо не излезе, но сите останати симптоми беа присутни. Се сеќавам дека кога се искачив по јажето си помислив: „ О, Господе! Ова е феноменално чувство!“- признава Клуни во едно интервју.
