Џорџ Клуни од секогаш важел за најпосакуваниот ерген и како што изгледа работите никогаш нема да се сменат.
Клуни повторно изјавил дека не е спремен да биде татко и дека поради тоа никогаш нема да се ожени. Згодниот 50-годишен актер, кој иако е заљубен во Стејси Киблер, вели дека за брак не станува никаков збор.
– Од секогаш знаев дека татковството не е за мене. Одгледувањето деца е голема обврска и мора да биде апсолутен приоритет. За мене работата е приоритет. Поради тоа немам намера повторно да се оженам, – изјавил Клуни.
Инаку, Клуни бил еднаш во брак со Талиа Балсам, од 1989 до 1993 година. После тоа бил поврзуван со многу девојки, но на ниедна не се осмелил да ѝ го каже судбоносното „ДА“.
