Откако се слушна веста дека суперѕвездата на Лејкерси, Коби Брајант се разведува веднаш почнаа да се шират гласини за наводните причини.
Коби го поврзуваат со една од најдобрите пријателки на Ким Кардашијан, Карла ДиБело. На повеќе сајтови се наведува дека 27-годишната ДиБело веќе подолго време е во блиски односи со познатиот кошаркар, а видена е и како страсно навива за Лејкерси. Инаку, ДиБело е еден од продуцентите на шоуто на дамите од семејството Кардашијан.
Коби нема потпишано предбрачен договор, така што неговата идна поранешна жена Ванеса ќе добие дебела пара и издржување, како за неа така и за двете нивни заеднички ќерки.

