ШоуБиз

Коби Брајант се разведува!?

Сопругата на кошаркарот од Лејкерси, по десет години брак поднесла барање за развод.

Коби Брајант (33) се оженил со Ванеса кога имал само 22 години, а таа само 18. Парот има две ќерки, 8-годишната Наталија Диаманте и 5-годишната Џана Марија Онор.

–          Се надеваме дека јавноста ќе ја земе во предвид благосостојбата на нашите деца, како и претстојните празници, па ќе ни даде простор за приватност во овој тежок период , – заедно соопштиле кошаркарот и идната поранешна сопруга.

Како причина за разводот, Ванеса наведува непремостливи разлики.

Парот еднаш поминал низ серизна брачна криза во 2003 година, кога Брајант беше обвинет за силување една слугикна во Колорадо. Сега тужбата е полечена, бидејќи девојката одбила да сведочи против него. Сепак, Коби признал дека имал сексуални односи со неа, но дека не станувало збор за присилба.

Write A Comment