ШоуБиз

Кога Џеј Ло игра фудбал на штикли

Латино ѕвездата Џенифер Лопез моментално се наоѓа во главниот град на Перу, Лима, каде го снима новото реално шоу. Притоа покажала дека знае да се справи со фудбалска топка дури и кога носи високи потпетици.

Џеј Ло ги воодушевила сите случајни минувачи кога се појавила во тесен, краток фустан, а изненадувањето било уште поголемо кога таа на сите им покажала дека знае како со фудбалската топка. Што е најнеочекувано, Џеј Ло во моментот кога заиграла со топката била качена на 12-сантимтарски штикли.

Write A Comment