ШоуБиз

Кога Мадона е на “распродажба”…

Познато е дека кога ќе се појават личните работи на поп иконата Мадона на аукција, цел свет се крева на нозе. Сепак, овој пат многумина се изненадиле кога корсетот на Мадона се продал за 72.000 долари, а проценката била дека најверојатно ќе се продаде за 6.000 долари.

Се работи за црниот корсет со златни копчиња и реси на градите кој е креиран од Жан Пол Готје, а кој Мадона го носеше пред 24 години на турнејата „Who’s That Girl?“. Други нејзини работи кои си ги најдоа новите сопственици во Пекинг се книгата „Секс“ со автограм на пејачката, за која некој дал 3.200 долари, потоа, нејзините фотографии достигнале цена од 200 до 400 долари и на крај снимката на која Мадона пее „Simon Says“ е продадена за нешто повеќе од 1.200 долари.

Напиши коментар