ШоуБиз

Кога вистинскиот го нема, ќе си посвојам дете!

Ѕвездата од „Сексот и градот“ Кристин Дејвис (47), или нам попозната како Шарлот, заклучила дека  повеќе нема време да го чека вистинскиот маж со кој ќе има сопствени деца. Си посвои девојче кое се вика Гема Роуз.

Оваа актерка која се прослави со улогата на Шарлот ја донесе конечната одлука да посвои дете.

–        Ова е нешто што од секогаш сум го сакала. Ми се исполни најголемата животна желба, се чувствувам благословено, – изјави актерката која упорно ги сокрива детаљите од својот приватен живот.

Единствена пикантерија која е откриена за нејзиниот живот е дека порано била алкохоличарка, но со помош на долгогодишно лечење успеала да го победи и тој порок.

–        Алкохолот ме ослободуваше. Бев срамежлива девојка која никако не успеваше да се ослободи од својот оклоп. Пиев од истата причина поради која започнав и да глумам, објаснува Дејвис.

Напиши коментар