Мода

Кој не сака Lanvin чевли?

Пристигна пролетната колекција секси модели.

Иако е лесно да се заклучи дека креативниот директор на Lanvin, Alber Elbaz, во своето работење ги користи веќе проверените рецепти, овој пат дизајнерот за пролетта 2012. ни понуди малку поексцентрична приказна, која се одрази и на дел од Лавиновите модни додатоци, меѓу кои се и чевлите, комерцијално речено и најуспешни.

Според неговите зборови, поентата на пролетната колекција чевли не била во тоа да создадат разиграни модели што би биле наменети за девојките, туку во креирање сандали во кои жената ќе изгледа моќно и самоуверено, а во исто време би имала и контрола над ситуацијата во која би се нашла во даден момент.

Така, стилот ни е релативно веќе познат,но приказната околу неговата реализација е нешто поинаква. Alber сакаше неутрална чевла, која збогатена со со детали на вистински места сама по себе би покажувала луксуз и моќ. Материјалите кои се користени се кожа од питон, дрво и кристали со кои директно се украсени потпетиците на сандалите, а доминантните  бои ќе бидат од беж, кафеава, црна, маслинеста, боја на шампањ па се до азурно сина. Комерцијално успешната колекција, се разбира не би била комплетна без чевлите наречени  балеринки и тенисерки.

Како изгледа колекцијата на statement чевлите на  Lanvin, погледнете во нашата галерија.

 

 

 

Write A Comment