Здраво тело

Кој рано рани две среќи граби:)

Дали се криете кога ќе излезе сонцето? Дали кога ви ѕвони алармот си помислувате уште 5 минути и станувам… Не правете го ова ! Поставете си свои ритуали со кои ќе го засакате утринското станување. Еве неколку примери за да си го олесните раното станување:

Разбудете се пред да изгрее сонцето
Се станува кога вашиот мозок е најодморен, но тоа е во 3 до 6 часот наутро, а за нас е премногу екстремно, затоа будете се барем 20 минути пред изгрејсонце за да го подготвите  вашиот ум за тековниот ден.

Хидратација и чистење
Секое утро откако ќе станете “фрлете“ еден туш со поладна вода. Ова ќе ве расони и ќе ве освежи. Нежно масирајте ги капаците на очите, а потоа трепкајте 7 пати и ротирајте го погледот лево десно, доле горе, дијагонално… Потоа земете една чаша вода испијте ја на празен стомак, ќе ви го забрза метаболизмот. На крај измијте си ги забите. Ова се применува рано наутро за да се расоните поубаво и да го започнете свежи вашиот ден.

Самостојна масажа
Земете етерични масла и ставете по една капка во папокот, брадавиците и на ушите. Со нежни кружни движена полека масирајте околу овие предели. Со ова ќе си ја поткрепите вашата аура и ќе се чувствувате поубаво и одморено. Доколку немате етерични масла може да нанесете сончогледово или пченкарно масло.

Пешачете
Доколку имате можност рано наутро одвојте 10 минути да се раздвижите, не ја користете колата за да одите на работа, пешачете. Ова ќе ви помогне да го разбистрите умот а телото ќе го одржувате во здрава состојба. Пробајте, ќе се чувствувате поисполнети и спремни за работа.

Медитирајте
Смирете се и ослободете го вашиот ум, не мислете на проблемите, едноставно дишете длабоко и одмарајте. Пет минути медитација дневно ќе ви донесе хармонија, среќа и здравје во вашиот живот.

 

Напиши коментар