ШоуБиз

Кој спие кај Рајан Рејнолдс?

Откако неодамна ја раскина врската со Леонардо ДиКаприо, актерката Блејк Ливели моментално ужива во друштво на Рајан Рејнолдс, со кој глуми заедно во филмот „Green Lantern“.

Дваесетичетири годишната актерка Блејк Ливели е постојано во близина на колегата Рејнолдс, а познатата „Gossip Girl“ дури и се бакнала со актерот на железничката станица во Бостон пред неколку дена.

Блејк наводно го поминала цел викенд со Рајан во неговиот стан во Бостон, а потоа тој ја донесол на железничката со својот автомобил. Луѓето кои ги виделе тврдат дека двајцата не можеле да ги тргнат рацете еден од друг.

–  Се бакнуваа на станицата и изгледаа како да се пар. Јасно е дека Лео е веќе преболено минато, – вели еден извор.

Напиши коментар