Мислеше дека фустаните кои ги креира нема да бидат воопшто популарни, но изгледа многу згреши во проценката. Ако продолжи со истово темпо, до крајот на годинава можно е да заработи околу 95 милиони долари.
Нејзиниот сопруг Дејвид Бекам (36) е еден од најплатените фудбалери на светот и неделно заработува околу 877.000 долари. Викторија Бекам (37), пак, е на добар пат да го престигне сопругот кога станува збор за заработувачката. Таа, во првите три месеци од оваа година со својата модна линија заработила повеќе од 24 милиони долари.
– На почетокот, Викторија планираше да дизајнира мала линија убави фустани, но на крај креациите станаа планетарно популарни. Не ни сонуваше дека ќе продаде толку фустани и дека ќе заработи толкава пара од дизајнерство, – изјавил еден нејзин пријател.
Инаку, фустаните на Пош Спајш ги носат ѕвезди од типот на Кејт Винслет, Кајние Вест и Шерил Кол.
