ШоуБиз

Која е мистериозната девојка на Џим Кери?!

Џим Кери е забележан како ја носи својата нова девојка на концертот на „Guns’N’Roses“ во Лос Анџелес. И двајцата биле облечени во рокерски стил, а тоа што го носеле очигледно било добро координирано од претходно.

Мистериозната девојка на 49-годишниот актер носела високи потпетици на Кристијан Лобутин. Двајацата биле забележани заедно уште пред еден месец во Њујорк, но засега идентитетот на девојката останува непознат. Џим е сам од радводот со телевизиската презентерка Џени МекКарти во април, 2010 година. Пред да ја запознае Џени, Кери беше свршен со Рене Зелвегер, а пред тоа имаше два неуспешни бракови. Од првиот брак ја има 23-годишната ќерка Џејн.

Што ќе се случи од оваа врска, допрва ќе видиме.

Write A Comment