Мода

Која е најдобро облечена ѕвезда на престижниот настан ЕМА?

Вчера во Белфаст се одржа престижниот настан – Европските Музички Награди за 2011 година.

Осумнаесет HD камери беа употребени за снимањето на шоуто и присутните таму ѕвезди, кои оваа година не одеа по трдиционалниот црвен тепих, туку по розов. Бојата е инспирирана од логото на шоуто.

Церемонијата беше водена од новата ѕвезда Селена Гомез. На розовоиот килим таа се појави во прекрасен Marches.фустан.

Принцезата на американската поп музика Кејти Пери се појави на розовиот тепих во својот препознатлив шантав стил.Таа се појави заедно со дизајнерот Џереми Скот облечена во негова креација.

Џеси Џеј е исто на врвот на класацијата на најдобро облечени ѕвезди, облечена во жолт леопардов фустан на D&G.

 

Моделите Бар Рефаели и Ирина Шајек ги потресоа присутните со својата убавина и сексипил појавувајќи се во темни вечерни креации на Replay.

 

Лидерот во номинациите на вечерта беше Лејди Гага. На розовиот тепих таа се прошета во фустан оклоп на Paco Rabanne. За време на своите настапи неколку пати ја промени гардебота во својот препознатлив стил.

Актерката Џенифер Меткалаф го одзема здивот на фотографите со својот секси аутфит. Таа се појави во тесни хеланки, леопардови чевли и интересна чантичка.

Write A Comment