ШоуБиз

Која пејачка собра најмногу лајкови на фејсбук?!

Таа е згодна, млада, атрактивна  и секси. Има ангелски глас и ѓаволско тело. Нејзината песна е најслушана во годинава што изминува, а на Фејсбук собрала најмногу „лајкови“ од своите фанови. Дали погодувате за кого се работи?

Токму така. За егзотичната пејачка од Барбадос, Ријана. Пејачката се најде прва на листата, а позади себе ги остави Боб Марли и Аврил Лавињ. Најпопуларна актерка на Фејсбук е Меган Фокс, а Дејвид Бекам е на петото место, како најпопуларен спортист. Пред него се најдоа Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

На Фејсбук најмногу се коментирало за убиството на Осама Бин Ладен, за венчавката во кралското семејство и за смртта на Ејми Вајнхаус.

Write A Comment