Мојата кујна

Колаче капаче

Ова е супер идеја да ги изненадите домашните наутро, пиејќи го утринското кафе, какао, чај и одлична идеја како да го пиете омиленото кафе во друштво на прекрасно колаче. Направете ги колачињата и повикајте ги пријатели на кафе …

ПОТРЕБНО Е:

300 гр. брашно

120 гр. шеќер

150 гр. путер

3 жолчки

1 лажичка екстракт од ванила

3 лажици млеко

малку сол

ПОДГОТОВКА:

Во сад ставете ги брашното, солта, екстрактот и шеќерот. измешајте и додадете го путерот, претходно издробен на парчиња. Со раце измешајте ја смесата. Додадете ги жочките и млекото и почнете да месите со раце. Месете додека да се собере тестото во топка. Кога ќе се формира тесто, завиткајте го во пластична фолија и оставете го во фрижидер 1 час. По 1 час со сукало развлечете го тестото помеѓу две парчиња пластична фолија, со дебелина од 1 см. Со шолјите од кои планирате да ги послужите колачињата одвојувајте тркалезни форми. Наредете ги во тавче за печење, обложено со хартија за печење. Премачкајте ги со вода колачињата. Од остатокот од тестото направете рачки. Под секоја рачка ставете мали цефчиња кои ќе ги направите од алуминиумска фолија.

Печете во рерна загреана на 170 целзиусови степени, додека да поруменат колачињата. Кога ќе се испечат, оставете ги малку да се оладат. Оладените колачиња брцкајте ги во растопено чоколадо по краевите и потоа во шарени/чоколадни трошки, мелени/сецкани бадеми, ореви, лешници …

Напиши коментар