Ви ја претставуваме пролетната колекција на венчаници на Алвина Валента, дизајнерка чии невестински фистани се познати по својата безвременска елеганција, софистицираност и особено вниманието посветено на деталите.
Сите модели на колекцијата за наредната сезона 2012 се рачно изработени во некоја фаза, а главна одлика им се рачно изработените рози. Венчаниците на Алвина Валента се изработени од најдобрата свила, сатен и чипка и оддаваат изглед на аристократија и елеганција.
Самата дизајнерка вели дека нејзините креации се наменети секогаш да бидат во центарот на вниманието и да направат секоја невеста да се чувствува кралски на својата свадба.








