Иако познатата дизајнерка Вера Венг важи за една од најскапите дизајнери во светот на свадбената мода, таа создаде колекција која е достапна и за „обичните смртници“.
Колекцијата наречена „Бело“ на Венг вклучува невестински фустани со цена од 600 до 1400 долари, а ќе се продава на повеќе локации низ САД и низ светот.
Секоја венчаница од оваа колекција е дизајнирана во стилот на Вера Венг. Фустаните ги следат модерните трендови и уникатниот стил на дизајнерката и се преполни со нежни женствени детали кои ја будат фантазијата.
Без разлика на тоа дали се дефинирате како модерна, сензуална, традиционална или романтична венчаница, сигурно ќе пронајдете невестински фустан од оваа колекција кој ќе одговара на вашиот стил.






