Колин Фарел се погрижил болните деца во болницата во Даблин да имаат причина плус поради која ќе се насмеат за време на празниците. На католички Божиќ тој изненадно ја посетил болницата и разделил повеќе од 100 подароци на сите болни деца кои се наоѓале во болницата „Our Lady’s Children“.
Ни медиумите, ни папараците не знаеле за оваа изненадна посета. За среќа, некои од роднините на болните деца го сликале Колин и така оваа слика се нашла на нечиј Твитер профил. Еден родител напишал:
– Зборував со Колин Фарел кој дојде со подароци за децата. Нема медиуми, вистински џентлмен и гениј. Тој е прекрасен човек што успеа да измами насмевки на лицата на болните деца.

