ШоуБиз

Колин Фарел киднапира кучиња:)

Добитникот на Златен глобус ќе игра во една комедија каде го киднапира кучето на еден ноторен гангстер.

Колин Фарел (36) ќе биде дел од филмот „Седум психопати“ кои инаку патат од блокади и се здружуваат за да извршат еден необичен потфат со цел брзо да се збогатат. Тие прават план да го киднапираат шицуто на еден гангстер и со уцени од него да извлечат голема сума пари.

Во филмот ќе игра и Сем Роквел и Кристофер Вокен, а улоги им се понудени и на Мики Рурк и Том Вејтс.

„Седум психопати“ ќе го режира Мартин Мекдоно, со кој Фарел има соработувано во филмот „Во Бриж“.

Напиши коментар