← НАЗАД НА БОЗА

Колку чини свадба?!? Поефтино е да избегате и да се венчате во Вегас :)))))

Колку чини свадба?!? Поефтино е да избегате и да се венчате во Вегас :)))))
2667 Читања

Организирањето на свадба може навистина да ни донесе главоболки, особено ако се располага со ограничен свадбен буџет. Свадбите не се ефтино задоволство, па затоа доколку располагате со ограничена сума на пари, најдобро ќе биде да направите финансиски план за тоа како планирате да ги потрошите.

Ви претставуваме неколку совети за тоа како да направите задоволителен финансиски план на вашата венчавка, кој значително ќе ги намали нервозите околу организацијата.

Најголема ставка во финансискиот буџет на секоја свадба е изнајмувањето на ресторанот и храната за гостите. Потоа доаѓа музиката, облеката, фотографот, украсувањето, „бовчалоците“, бурмите…

Ресторан – цените за денешните менија во нашите ресторани изнесуваат од 15 до 75 евра по човек.

Венчаница – во просек, за невестинскиот фустан се потребни од 500 до 1000 евра.

Костум – младоженците се нешто поефтини, во просек цената за костум се движи од 400 до 1000 евра.

Бурми – цената на бурмите изнесува во просек од 200 до 700 евра

Музика – да се одреди просечната цена на музиката е тешко, затоа што тоа зависи од барањето на младенците. Во секој случај, планирајте си од 500 до 1500 евра.

Фотограф – и цената кај фотографите варира, ама нема да најдете ништо под 150 евра. За добар фотограф се плаќа и по 500 евра, па и повеќе.

Матичар – минумум 50 евра.

Црковни трошоци – минимум 50 евра.

Украсување на домот – за просечно украсување на домот ќе треба да издвоите околу 150 евра.

Автомобил – доколку сакате да изнајмите лимузина, тоа задоволство ќе ве чини 200 евра.

Невестинска торта – убава голема невестинска торта чини околу 100 евра.

Бовчалоци – во зависност од финансиската моќ, за бовчалоци ќе потрошите од 300 до 2000 евра.

Останатите трошоци за свадба се помали, но се многу на број, па затоа испланирајте уште плус минимум 1000 – 1500 евра, кои секако ќе ги потрошите за потребите на најубавиот ден во вашиот живот.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk