ШоуБиз

Колку манекенки освои Лео до сега?

Тој е најзгодниот холивудски ерген кој успешно го користи сето тоа. Леонардо не успева да биде сингл ниту еден ден. Штотуку ја прекина врската со Блеик Ливели, а веќе си има нова манекенка во својата прегратка.

И тоа ни помалку ни повеќе Лео успеа да ја улови австралиската манекенка Алaјас Крафорд. 21 годишната манекенка била фатена во неговиот хотел. Блиски нивни пријатели пак изјавиле дека тие се во врска веќе две недели, што покажува дека Лео и бил неверен на Блеик.

Да ве потсетиме, пред врската со Блеик Лео се гледаше и со Бар Рефаели и Жизел Бундхен.

Лео и Бар Рефаели
Блеик Ливели

Напиши коментар