Motherhood

Конфликтот семејство – работа

Оние кои работат во строга и контролирачка атмосфера, имаат тенденција да ги пренебрегнат границите помеѓу работата и семејството.

Истражувачите од Универзитетот во Торонто го измерија степенот на контрола на работните активности и неговото влијание врз работно-семејните процеси, притоа употребувајќи податоци од американските национални анкети за повеќе од 1200 работници.

Професорот по социологија Скот Шиман и постдипломецот Мариса Јанг ги запрашаа учесниците во истражувањето: “Кој вообичаено одлучува кога започувате и кога завршувате со работа секој ден на вашето работно место? Дали е тоа некој друг, или пак вие самите можете да одредите целосно или до одредени граници, кога ќе започнете и завршите со работа?”

Шиман вели: “Повеќето луѓе веројатно ќе ја идентификуваат контролата како нешто добро – индикатор кој им помага да ја балансираат работата со семејниот живот. Се заинтересиравме за негативните ефекти кои претераната контрола би можела да ги има врз семејниот аспект. Што би се случило ако контролата над распоредот ги замати границите помеѓи овие клучни социјални улоги – работата и семејството.”

Авторите опишуваат две главни откритија во врска со негативните ефекти на контролата:

За луѓето врз кои се применува поголем степен на контрола на работното место е поверојатно дека ќе работат и дома и ќе се ангажираат за потребите на работата. Тие истовремено превземаат семејни и работни активности.

Оние луѓе кои забележале дека во нивниот живот се губат границите помеѓу семејството и работата исто така страдаат од голем стрес, како резултат на конфликтот работа – семејство.

Авторите го мереа работно-семејниот конфликт поставувајќи им на луѓето прашања како: ‘Колку често не сте имале време за вашето семејство или други важни луѓе во вашиот живот поради вашата работа?’ ‘Колку не сте имале енергија за да правите нешто со вашето семејство или други важни луѓе во вашиот живот поради вашата работа?’ и ‘Колку често вашата работа не ви овозможила да се сконцентрирате на важните работи во вашиот семеен и личен живот?’

Според Шиман, откривањето на условите кои го предвидуваат работно-семејниот конфликт е клучно бидејќи “со тоа се демонстрира поврзаноста на конфликтот со соодветните негативни физички и психички здравствени последици.”

Сепак, Шиман додава дека нивните наоди открија и одредени придобивки од оваа појава. “Луѓето кои имаа делумна или целосна слобода да го контролираат својот работен процес беа способни да се ангажираат во работно-семејни мултитаскинг активности со помалку негативни последици во смисла на конфликтот семејство-работа.”

 

Write A Comment